Утрински Весник
Спорт

Надал се повлече од Вимблдон, Кирјос без борба оди во финалето

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рафаел Надал се повлече од Вимблдон. Шпанскиот тенисер утре нема да игра во полуфиналето на престижниот гренслем турнир во Лондон. Ник Кирјос на тој начин веќе обезбеди пласман во финалето.

dobivaj vesti na viber

Одлуката за повлекување, за што во моментов одржува вонредна прес-конференција, Надал ја донесе по лесниот тренинг кој денеска траеше околу 45 минути.

Потоа околу 14 часот ги извести организаторите на турнирот дека нема да може да игра поради проблеми со стомачните мускули. Покрај тоа, има болки во колената и стапалата.

На тренинг, Надал можеше да одигрува форхенди и бекхенди, но не можеше да го фрли топчето за да сервира. Се обиде да ги прилагоди движењата и да го намали оптоварувањето на стомакот, но ниту тоа не помогна.

Ник Кирјос така стигна до своето прво гренслем – финале во кариерата без борба во полуфиналето.

Негов ривал ќе биде подобриот од мечот во кој Новак Ѓоковиќ игра против Камерон Нори.

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028