Утрински Весник
Свет

„Награда за мир“ на меѓународни компании што го напуштаат рускиот пазар

„Награда за мир“ на меѓународни компании што го напуштаат рускиот пазар

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина ќе ја додели наградата за мир на меѓународните компании кои го напуштија рускиот пазар, пренесува Си-Ен-Ен.

Ова го потврди Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

– Компаниите кои ја напуштија Русија заслужуваат почит од Украинците и луѓето ширум светот – рече Јермак и ги повика другите компании да одлучат за овој потег.

Тој посочи дека е недозволиво да се тргува со воени злосторници и да се заработува со убивање цивили.

Потсетуваме, Зеленски во своето минатонеделно обраќање во францускиот парламент повика неколку деловни гиганти во Франција да го напуштат рускиот пазар и „да престанат да бидат спонзори на руската воена машина“.

Можете да прочитате

Кубанскиот претседател повикува на воена подготвеност на островот поради американските закани

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“

СЗО жали за повлекувањето на САД