Скандалот со тепањето на сопствените мачки никако да го остави на мир дефанзивецот на Вест хем, Курт Зума, откако тој вчера беше предмет на потсмев и на шеги на „Енфилд“ на мечот против Ливерпул.
Пред 1:0 победата на „црвените“, еден навивач на Ливерпул реши да потроши малку пари и да откупи авион кој надлета над стадионот со порака „Cats Lives Matter“ (животот на мачките е важен), налик на антирасистичкото движење во САД, Black Lives Matter.
Секој допир на топката на Зума беше исвиркуван и пречекуван со песната: „Cat, cat, cat, cat…“, а дел од навивачите имаа и картонски мачки.
Зума беше казнет од Вест хем со 250.000 фунти откако на социјалните мрежи неговиот брат објави . на кое тој ги тепа своите две мачки. Нешто што очигледно нема бргу да се заборави…
Вест хем официјално го осудија Курт Зума по .то со малтретирањето на мачката
> Навивачите на Ливерпул го „тролаа“ Зума: Cats Lives Matter <