Утрински Весник
Македонија

Набавени девет повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња во Општина Центар

Набавени девет повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња во Општина Центар
Dik 300x250 mk

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Првите девет од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денеска пристигнале, кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на оваа општина.

– Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише жителите на општина Центар кои ќе се вклучат во овој процес ќе добијат 1,5 денари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

Оттаму соопштуваат дека до крајот на 2020 година ќе бидат поставени уште 18 повратни вендинг машини кои ќе бидат обезбедени од Општина Центар.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!