Утрински Весник
Македонија

Започнува постапката за изградба на регионалниот пат до село Саса

Започнува постапката за изградба на регионалниот пат до село Саса
Img 5587

Македонска Каменица, 6 март 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица започнува постапката за реконструкција и изградба на регионалниот пат до село Саса. Тендерската постапка за реализација на проектот започнува денеска, а првите градежни работи, како што информираат надлежните се очекува да започнат на средината од мај.
–По направените опсежни анализи, темелната подготовка и неизбежните корекции на проектот, жителите на село Саса, граѓаните на општина Македонска Каменица и најголемиот економски субјект во нашата општина Рудник Саса, после скоро пет децении ќе добијат нов и современ регионален пат. Патната инфраструктура се гради плански и според реалните потреби на граѓаните. Огромна е радоста што остваруваме уште едно дадено ветување пред жителите на село Саса и граѓаните на Македонска Каменица, истакна градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова.
Дополни дека, за само две години со општински средства се изградени 10 километри локални патишта во повеќето селски средини.
-Со новите 11 километри регионален пат за потребите на граѓаните, таа бројка ќе изнесува 21 километар. Овој регионален пат е од огромно значење за жителите на општина Македонска Каменица и регионот, знаејќи дека покрај поврзувањето на нашите две најголеми рурални средини, селата Саса и Моштица го поврзува и најголемиот економски субјект во Македонска Каменица, Рудникот Саса. Со оваа инвестиција се надевам дека даваме дополнителен стимул за забрзан развој на социоекомонските прилики, ја подобруваме мобилноста на граѓаните и нивната безбедност во сообраќајот, додаде Стаменкова.
Реконструкцијата на регионалниот патен правец Македонска Каменица – Саса ќе се реализира врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта. вс/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)