Утрински Весник
Македонија

МТСП: Предучилишните установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата

МТСП: Предучилишните установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата, се вели во соопштението од МТСП.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на установите и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните, односно треба да биде обезбедено непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Сите предучилишни установи треба да го почитуваат Законот, Уставот на Република Северна Македонија и Конвенцијата за правата на детето и да го организираат згрижувачко воспитниот процес.

Поради тоа ја известуваме јавноста и родителите дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД