Утрински Весник
Македонија

МТСП: Корисниците на минимална помош ќе остварат паричен додаток за греење од октомври до март

Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.

dobivaj vesti na viber

Министерството за труд и социјална политика, со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД 19 се завршени, ги известува граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година. ​

Можете да прочитате

Лауреат на 11.ИФФ Киненова е добитникот на Сребрената мечка -награда на Големото жири во Берлин, Емин Алпер

Пет активни пожари на отворен простор, шест ставени под контрола

Приведени пет лица во Галичник, при претрес во шаторите каде престојувале пронајдена марихуана, кокаин, таблети