Утрински Весник
Спорт

Моџи: Штом Игуаин често е резерва во Јуве, замислете што ќе се случи со Икарди

Икарди би заминал од Интер само во Јувентус

Рим, 22 април 2020 (МИА) – Поранешниот извршен директор на Јувентус, Лучијано Моџи зборуваше за можните трансфери во тимот од Торино.

– Милик? Не знам како ќе заврши ова. Сепак, кога ќе слушнам за Мауро Икарди, сакам да ја исфрлам оваа опција. Ако Гонзало Игуаин сега често седи на клупата затоа што играат Дибала и Роналдо, замислете што ќе се случи со Икарди. Во овој систем, тој никогаш нема да игра, па дури ниту ќе ја види топката. За првиот тим секогаш ќе бидат фаворити Дибала и Роналдо. Во шеснаесетникот Икарди е многу опасен, но екипата мора да работи за него. Одењето во Наполи би било посоодветно за него, смета Моџи.

Икарди оваа сезона е дел од ПСЖ каде игра на позјмица од Интер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл