Утрински Весник
Македонија

Филипче: Нема информации за заболени од МПЦ или ИВЗ

Филипче: Нема информации за заболени од МПЦ или ИВЗ

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Немам информации дека некој од Македонската православна црква или од  Исламската верска заедница е заболен од Ковид-19, изјави на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Прашан дали има некој заболен од МПЦ или ИВЗ, министерот рече дека засега нема таква информација.

– Имаше информации за манастирот Бигорски, меѓутоа уште во времето кога се воведе кризната состојба во Дебар, тогаш веќе имаа неколку луѓе кои имаа горнореспираторни симптоми од манастирот, пративме екипа, се направи тестирање на тие на кои беше индицирано и и кај никого не беше дијагностициран ковид вирусот. Од тогаш конкретна информација за некој од овие институции, јас лично немам, рече Филипче, одговорајќи на новинарски прашање.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври