Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист почина во сообраќајка во Кочани

Синоќа во 18.55 часот било пријавено дека на експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани.

dobivaj vesti na viber

По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола