Утрински Весник
Македонија

Мостот на влезот во гевгелиското село Моин ќе се реконструира

Мостот на влезот во гевгелиското село Моин ќе се реконструира

Гевгелија, 20 февруари 2020 (МИА) – По повторената и овој пат успешна тендерска постапка на јавниот повик е создадена можност за почеток на реконструкцијата на мостот на Конска река, на влезот во селото Моин, соопштија денеска од Општина Гевгелија.

-Со години по ред мостот поради неговата дотраеност, несоодветната и инцидентна санација, претставуваше закана за населеното место. При обилни дождови на неколку пати во минатото се излеваше водата на Конска река која целосно ја прекинуваше сообраќајната комуникација со селото и токму поради тоа,на барање од граѓаните, реконструкцијата на мостот доби приоритет во Програмата за локални патишта, посочија од општината.

Реализацијата на проектот почна пред истекот на минатата година,но мораше да биде прекината поради неуспешната прва тендерска постапка на јавниот повик.

Гевгелиската градежна компанија „Еуроинг“ е изведувач на реконструкцијата на мостот,  која ќе чини повеќе од 2 милиони денари. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишен возач од виничко, управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето