Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мората ќе остане во Јувентус

Мората ќе остане во Јувентус
Img 7972

Алваро Мората нема да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок. Шпанецот се поврзуваше со трансфер во Барселона. Некои медиуми тврдеа дека тој и постигнал договор околу платата.

Мората е играч на Атлетико Мадрид, кој втора сезона е позајмен во Јувентус. Клубот од Торино за позајмицата плати 20.000.000 евра, доколку сака да го откупи договорот на Мората, по завршувањето на сезоната ќе мора да плати уште 30.000.000 евра.

И покрај тоа што Чеви сакал да го види во Барселона, Јувентус нема да го пушти напаѓачот. Тренерот Масимилијано Алегри, на денешната прес конференција, рекол дека успеал да му објасни на Мората дека му е потребен во Јувентус.

Алегри потврдил дека во зимскиот преоден рок клубот ќе го напушти Арон Рамзи.

> Мората ќе остане во Јувентус <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг