Утрински Весник
Свет

Моравјецки: Путин стои зад мигрантската криза

Моравјецки: Путин стои зад мигрантската криза

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија.

На вонредната седница на парламентот по посетата на армијата на границата, Моравјецки рече дека кризата ја оркестрирал белорускиот претседател и близок соработник на Путин, Александар Лукашенко, но дека е дизајнирана во Москва.

„ Овој напад на Лукашенко е дизајниран во Москва, а мозокот на операцијата е претседателот Путин“, рече Моравјецки, пренесува Би-Би-Си.

Европската унија го обвинува Лукашенко дека намерно дозволува мигранти од Блискиот Исток и други области да влезат во ЕУ од Белорусија поради одмазда за санкциите, што Лукашенко постојано ги негираше.

На границата меѓу Полска и Белорусија има најмалку 2.000 мигранти.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори