Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МОН: Повторно достапни можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови и ресурси

МОН: Повторно достапни можностите за факултетите и научните установи за модернизација на лабораториските услови и ресурси
300x250 opst2

Повторно е отворена можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот буџет со кои ќе ги унапредат своите научно – истражувачки капацитети преку модернизација на условите во лабораториите, соопшти Министерството за образование и наука. Вкупно 17,3 милиони денари за оваа намена ќе бидат распределени преку јавниот повик кој е во тек.

На повикот, со свои предлог проекти за развој на лабораториските ресурси, можат да се пријават државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат дејност од посебен и јавен интерес за Република Северна Македонија. Аплицирањето трае до 20 септември.

Предвидени се три типа на поддршка:

1. Доделување на средства за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето;

2. Поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи во рамки на лабораториите и

3. Поддршка за набавка на опрема, што подразбира модернизација на лабораториската инфраструктура.

Еден од условите за добивање на средства е ресурсите кои ќе се обезбедат, не само да бидат достапни за истражувачкиот персонал вработен во рамки на установите, туку пристап до нив, за истражувачки и едукативни цели треба да им се обезбеди и на надворешни корисници, односно научници и истражувачи со идеи за проекти од особена важност за државата и јавниот интерес.

Можете да прочитате

Оставен сомнителен куфер го испразни главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и околните објекти

Тешка сообраќајка на патот Штип–Кочани: Едно лице загина, петмина повредени

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот