Утрински Весник
Македонија

МОН: Одземени ингеренциите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Министерството за образование и наука известува дека го одзема вршењето на работите на општина Тетово за именување и разрешување на директор на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Тетово, затоа што и покрај укажувањата и преземените мерки и активности од Државниот просветен инспекторат, не обезбедила извршување на работите кои со закон се утврдени како нејзина надлежност.

dobivaj vesti na viber

Државниот просветен инспекторат на 8 јули го извести Министерството за образование и наука дека е извршен вонреден инспекциски надзор во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Тетово, по иницијатива на разрешениот директор на училиштето. Утврдено е дека Градоначалникот на Општина Тетово го разрешил директорот без претходно спроведена постапка согласно закон и именувал вршител на должноста директор, информираат од министерството.

Инспекторатот му укажал на Градоначалникот за незаконитата постапка. Согласно Закон, Инспекторатот извршил контролен инспекциски надзор, со цел да утврди дали Градоначалникот на Општина Општина Тетово, постапил по Укажувањето. Утврдено е дека Решението за разрешување на директорот се уште не е поништено, а функцијата вршител на должност се уште ја врши новоименуваниот директор.

„Вршењето на одземените работи, согласно Закон, го презема Министерството за образование и наука, во име и за сметка на општината во траење од 12 месеци“, потенцираат од МОН.

Можете да прочитате

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Сѐ уште активен пожарот во Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето