Утрински Весник
Култура

„Моменти на магично присуство“ – самостојна изложба на Виктор Јаневски во МКЦ

„Моменти на магично присуство“ – самостојна изложба на Виктор Јаневски во МКЦ

Изложбата „Моменти на магично присуство“ на скулпторот и сликар Виктор Јаневски ќе биде отворена на 4 април во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Станува збор за трета по ред самостојна изложба на Јаневски, пришто изложени ќе бидат неколку цртежи и поголем број слики изработени во акрилна техника.

Изложбата практично е спој од претходните две – „Моменти“ и „Магично присуство“, пришто додадени се и дела кои посетителите ќе ги видат за првпат, го образложи Јаневски концептот на изложбата за „Макфакс“.

Bиктор Јаневски е роден 1994 година во Скопје. Завршил cредно уметничко училиште, по што образованието го продолжил на факултетот за ликовни уметности во Скопје – дипломиран вајар и магистриран сликар.  Учесник е на две самостојни и повеќе групни изложби.

Текстот „Моменти на магично присуство“ – самостојна изложба на Виктор Јаневски во МКЦ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“