Утрински Весник
Спорт

Модриќ им одговори на сите кои го критикуваа за „Златната топка“

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лука Модриќ по повод излегувањето на неговата биографија „Мојата игра“ даде големо интервју за АФП. Тој потврдил дека ќе игра на наредното Европско првенство, но дека не е сигурен дека ќе игра на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Модирќ со Реал освои четири трофеи во Лигата на шампионите, а во 2018 годија ја предводеше Хрватска до второто место на Светското првенство во Русија. Таа година Модриќ ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот и го прекина монополот што го имаа Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Во интервјуто Модриќ им одговори на сите оние кои сметаат дека не ја заслужил „Златната топка“.

„Луѓето најчесто се фокусираат на играчите што постигнуваат многу голови, па доколку не ги гледаат натпреварите им треба повеќе време да ги забележат играчите кои не го прават тоа. Така некогаш беше со Давид Силва, Чави, Иниеста. Без такви играчи еден тим не може да функционира“, рекол Модриќ.

> Модриќ им одговори на сите кои го критикуваа за „Златната топка“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини