Утрински Весник
Македонија

Мобилен тим на општина Лозово за помош на ранливи категории граѓани

Мобилен тим на општина Лозово за помош на ранливи категории граѓани

Велес, 17 март 2020 (МИА) – Заради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот Општина Лозово со свои вработени во неделата формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината.

Од Општина Лозово за МИА, информираат дека секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од помош при набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви: 078- 235-136, О71-586-656 и 032-458-458.

Како што појаснува за МИА, Зоранчо  Трајчев еден од тројцата вклучени во Мобилниот тим на  Општина Лозово, после телефонското јавување доаѓа лице од мобилниот тим на општината во домот на нарачателот да ја прими нарачката со соодветни средства за купување на истата, ја реализира и повторно се враќа во домот на лицето со приложена фискална сметка и ја доставува нарачката. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри