Утрински Весник
Култура

МНТ на летна турнеја

Ss2

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.

Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор.

Ss1

Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ – добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал – БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.

Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

Текстот МНТ на летна турнеја е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“