Утрински Весник
Македонија

МНР: Продолжува потрагата по Мартин со бродови, хеликоптер и возило на копно

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден, соопшти Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„ Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот, и секоја информација навремено ќе биде пренесена“ се наведува во соопштние на МНР.

Вечерва апел за помош објави второто момче кое беше спасено по 19 часа поминати во вода. Тој отвори сметка за донаци за поддршка на потрагата по Мартин Јовановски.

Можете да прочитате

Земјотрес почувствуван во Скопје – 24info.mk

ДУИ: Скоро 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на годината

Забрчанец: Единствен начин да се врати довербата во НБРМ е Славески да си замине