Утрински Весник
Магазин

Многу од она што слушате во документарците не е вистина, вели Бритни

Многу од она што слушате во документарците не е вистина, вели Бритни

Бритни Спирс реагира на најновите документарни филмови за нејзиниот проблематичен живот – серијалот на „Њујорк тајмс“, „Еф-икс“ и „Хулу“ под наслов Controlling Britney Spears, како и Toxic: Britney’s Fight for Freedom на „Си-eн-eн“.

Иако не прецизираше за кој документарен филм се однесува, а двата беа објавени изминатиот викенд, Бритни напиша дека гледала еден од нив, и им кажа на фановите дека многу од она што видела не е вистина.

Обраќајќи им се на фановите во долга објава на Инстаграм во понеделникот, таа рече: „Мразам да ве известам, но многу од она што го слушнавте не е вистина!“

Едно од тврдењата дојде од поранешен припадник на обезбедувањето, кој рече дека таткото на Бритни, Џејми Спирс, имал постојан надзор над сите комуникации на својата ќерка во текот на спорното старателство.

„Гледав малку од последниот документарец,“ призна Бритни, а потоа почна саркастично да ја критикува програмата за која таа смета дека ја прикажува во невкусно светло.

„Навистина се обидувам да се оградам од драмата! Тоа е минато !!! “, напиша таа и сподели нова фотографија од себе.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот