Утрински Весник
Македонија

Млад Авганистанец пронајден мртов во Гевгелија, бил избоден со нож

24-годишен Авганистанец бил пронајден починат, со убодна рана на телото во близина на железничкиот мост во Гевгелија.

„На 15.05.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија“, информираа од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Голем пожар во Шуто Оризари, густ црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице