Утрински Весник
Македонија

Младите штипски борачи од „Балканец“ дел од настанот „Фер плеј“

Младите штипски борачи од „Балканец“ дел од настанот „Фер плеј“

Штип, 8 март 2020 (МИА) – Млади борачи од клубот „Балканец“ – Штип беа дел од настанот „Фер плеј“, што го организира Агенцијата за млади и спорт. Младите борачи денеска се дружеа со шампионот Шабан Трстена, кој им ја раскажа својата приказна и како да се стане шампион.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски за МИА вели дека ова е втор ваков настан во земјава, а се со цел да ги стимулира најмладите да спортуваат.

– Имаме чест токму во Штип да се дружиме со борењето, нашиот голем великан Шабан Трстена, кој пред се им укажува и ги мотивира, односно ќе ја прераскаже својата богата кариера. Шабан Трстена е спортист на векот, на минатиот век и секако освојувач на златен медал на Олимпијада, што значи дека на најмладите треба да им ја вгради потребата за спорт и спортски активности, вели Каевски.

Тој додаде дека како Агенција за млади и спорт секоја недела организираат вакви настани. Ова е втор настан „Фер плеј“, а следниот ќе биде во Куманово, каде што младите ќе имаат кошаркарски активности.

– Целта е поголема интегрираност на младите во спортот. Верувам дека ова ќе биде еден позитивен пример и нема да биде организиран само од Агенцијата, туку напротив сите општини, во секој град да организираат вакви активности, а како што кажав да имаат за цел да ги внесат децата во спортот и во спортските активности, вели Каевски.

Забележа дека најголем приоритет на Агенцијата за млади и спорт е да инвестираат во најмладите, кои би се вклучиле во некој од спортските клубови во земјава. вдј/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија