Утрински Весник
Свет

Мицотакис размислува за мобилизација на приватните лекари во борбата против пандемијата

Мицотакис размислува за мобилизација на приватните лекари во борбата против пандемијата

 

Ако е потребно да ја употебиме крајната уставна алатка за мобилизација на лични услуги, нема да се двоумам да го сторам тоа“, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис,  откако повеќето приватни лекари во земјата го игнорираа повикот на владата за помош.

Грчките јавни болници се преоптиварени од зголемувањето на бројот на заразени и има се’ помалку кревети на одделите за интензивна нега, па владата го повика приватниот сектор да помогне и рече дека се потребни 200 лекари.

Досега само 55 одговориле на повикот, објави државната телевизија ЕРТ.

„Не можам да замислам колеги кои положија хипократска заклетва да не сакаат да дојдат и да им помогнат на овие луѓе во борбата“, рече министерот за здравство Василис Кикилиас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа