Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Ќе иницираме нов закон со кој ќе се забрани увоз на тутун сè додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено

Мицкоски: Ќе иницираме нов закон со кој ќе се забрани увоз на тутун сè додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено

Во парламентот ќе иницираме предлог-закон за тутунот, односно да не се купува од надвор сè додека не биде откупено последното ливче од македонските производители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Битила.

Според него, не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од Пелагонискиот Регион имаа една прес-конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог-закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун сè додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.

„Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби“, посочи Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

Зајкова: Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките

Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт