Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Со пакет мерки за револуција во квалитетот на здравството: четири нови клинички центри, 20 отсто повисоки плати за сите, повеќе бесплатни лекови

Мицкоски: Со пакет мерки за револуција во квалитетот на здравството: четири нови клинички центри, 20 отсто повисоки плати за сите, повеќе бесплатни лекови

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Потребна е целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обезбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на прес-конференција во партиското седиште презентираше дел од мерките кои ги планираат за обнова на македонското здравство.

Се обврзуваме, посочи, на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на четири нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство.

– За прв пат досега интегриран систем од четири клинички центри и тоа: Клинички центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8 Септември“, што практично планираме да го трансформираме во Клинички центар, кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, воспоставување Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница, воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово. Со ваквите четири центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи, рече Мицкоски.

Потенцира дека се обврзуваат на: обнова која ќе опфати реконструкција на болниците во Велес, Кичево, Струмица, Струга и Битола, со што ќе овозможат квалитетни услуги и поголемо достоинство на луѓето со загрозено здравје, обнова која ќе опфати реконструкција и модернизација на Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, така што Скопје ќе добие современа болница каква што заслужува, обнова која ќе значи воспоставување на модерен вистински Ургентен траума центар, обнова со која ќе обезбедат за 20 отсто повисоки плати во здравството за сите, истакна Мицкоски.

Според него, мора да има задоволни вработени во здравствениот систем кој ќе ја градат иднината тука во државата и затоа предвидуваат линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20 отсто на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.

Нагласи дека се обврзуваат веднаш во првите 100 дена да интервенираат во законот, каде ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство и обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство.

Ќе овозможиме, појасни, утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства, ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи, ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни, ќе воведеме здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта, што подразбира целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати.

– Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок. Предвидуваме континуиран раст и на вредносната капитација кај матичните лекари, ќе воведеме и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури кои сега им одземаат време и пари на матичните лекари, зајакнување на дежурните служби и Итната медицинска помош, што значи дека ќе работиме на поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги за граѓаните, ќе донесеме Национална здравствена стратегија заснована на следните постулати, рече Мицкоски.

Посочи дека ќе се залагаат да има вистински бесплатно здравство, да има задоволни лекари и здравствен персонал, кој ќе резултира на крајот од денот со задоволни граѓани, кои мора да ја добијат услугата што ја заслужуваат.

– После 12-ти април заедно ќе ги менуваме работите и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого. Обновата доаѓа и обновата победува, додаде Мискоски. рп/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт