Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Ресен во соработка со полицијата на жените возачи им го честиташе 8 Март

Градоначалникот на Ресен во соработка со полицијата на жените возачи им го честиташе 8 Март

Ресен, 8 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски во соработка со ресенската полиција на жените возачи од тој град им го честиташе праникот 8. Март.

Според востановената традиција на тамошната локална самоуправа, градоначалникот Гошаревски најнапред на жени вработени во OВР- Ресен им подари цвеќе, а потоа заедно на учеснички во сообраќајот им го честитаа денешниот празник, им поделија рози и упатија порака за безбедност во сообраќајот и вклученост на жените во целокупниот процес на безбедноста во заедницата. мт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка