Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се сретна со потпретседателот на парламентарното Собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев, Дафина Стојаноска и Ели Панова, во просториите на Собранието имаше официјална средба со Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, кои се повеќе од неопходни за излез од оваа криза.

Истовремено, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, побара и поддршка во преговорите со Бугарија, каде што државата е заглавена поради лошите преговарачи од македонската владејачка гарнитура.

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит