Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Развојот на моториката на децата е со читање и со пишување

Мицкоски: Развојот на моториката на децата е со читање и со пишување

Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување, но овие моменти власта за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.

„Дигитализација не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот. И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува.

Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата“, наведе Мицкоски.

Можете да прочитате

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре

Петровска: „Гордата дипломатија” на ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл и доведе до проблематизирање на јазикот

Пожар во Кочани: Изгореа три автобуси и едно комбе кај бензинска пумпа во Оризари