Утрински Весник
Македонија

Мицкоски очекува овој месец Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Мицкоски очекува овој месец Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува Македонија да ги отпочне преговорите со Европската унија.

Тој одново ги искритикува барањата на Бугарија, за кои кажа дека немаат врска со европска иднина и вредности.

„Јас очекувам Македонија да ги започне преговорите со ЕУ за повеќе од недела дена. Тоа го заслужи, не само затоа што се направени односно ненаправени од страна на Владата, туку поради тоа што го направи македонскиот граѓанин и Македонија и заслужија почеток на преговори. Ова е крајно време, ЕУ на дело да ги покаже на дело време вредностите и да ги напушти оние хегемонистички барања на источниот сосед, кои немаат врска со европска иднина и вредности, туку се барања за два-три века во минатото, а не два-три века во иднината“, кажа Мицкоски.

Можете да прочитате

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Сончево време со умерена локална облачност

СДСМ: Без табуа, со знаење – младите заслужуваат предмет каде ќе се учи на промоција на здравје, здравствени навики и сексуално образование