Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Туск: Заев ја носи државата во нов циклус на криза

Мицкоски на средба со Туск: Заев ја носи државата во нов циклус на криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата, Тимчо Муцунски, денеска во Љубљана на самитот на ЕПП оствариле средба со претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за соработката со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.

Мицкоски констатирал дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија.

„И покрај многубројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел.

И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан.

Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ“, истакнал Мицкоски на средбата со Туск.

Можете да прочитате

Николоски: Над седум милиони евра се инвестираат во економски развој на Струмица

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Нападот што ја потресе Македонија остана нерасветлен

Судир на три автомобили и автобус кај Белви, тројца повредени пренесени во болница