Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски на средба со Која: Македонија нема стабилни и функционални институции

Мицкоски на средба со Која: Македонија нема стабилни и функционални институции
300x250 opst2

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оствари средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.

На средбата било разговарано за повеќе теми меѓу кои и загрижувачката економска состојба во која се наоѓа земјава, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението е наведено дека економските пакети кои Владата ги донесе во изминатиов период, според опозициската партија се неразвојни и недоволни за да одговорат на потребите на граѓаните и стопанството во целост.

„Со носењето на новиот Буџет во македонското Собрание, кој и ако најголем до сега, власта не само што не понуди економски план за надминување на состојбата, туку непродуктивното трошење продолжува, а инвестициите изостануваат. Македонија има најслаба економија во овој дел од Европа, а граѓаните поради лошите економски политики се се посиромашни“, кажал Мицкоски.

Во однос на политичката состојба во земјава, Мицкоски ја изразил загриженоста што и после два месеци од локалните избори и најавената оставка на Зоран Заев, ресорните министерства и институциите се во целосен хаос и нефункционалност заради политичките апетити и безидејноста на владеачкото мнозинство. Македонија, рекол Мицкоски, за жал нема стабилни и функционални институции кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, туку институциите се заложници на корупцијата со која власта потфрли да се справи.

Мицкоски порача дека за надминување на кризната состојба која се одразува во секоја сфера на општественото делување, како и политичките неприлики во земјава, но и изразот на незадоволство на граѓаните кое се преслика во резултатот на локалните избори, неопходни се предвремени парламентарни избори, се дополнува во информацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

СДСМ: Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, полицијата ставена во функција на власта

Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин

Кичевчанец возел со 1.85 промили алкохол во крвта