Утрински Весник
Македонија

За три часа казнети 78 возачи за непрописно престигнување во државата

За три часа казнети 78 возачи за непрописно престигнување во државата

Денеска во периодот од 07.00 до 10.00 часот Министерството за внатрешни работи спровело зајакната акциска контрола за возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што биле санкционирани 78 возачи.

Од нив, 18 на територијата на Тетово, 16 на територија на Охрид, 14 возачи непрописно престигнувале на територијата на Скопје.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Од Србија екстрадиран Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Алиу: Денес го направивме еден од најважните чекори за модернизација на македонското здравство

Border bites целодневен настан во сабота во Дојран