Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор

Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, оствари средба со Џајлс Норман, aмбасадор на Канада во Македонија.

Како што информираат од партијата, на средбата биле потенцирани добрите билатерални односи меѓу двете земји, а Мицкоски потенцирал дека соработката треба да се продлабочи и негува во иднина.

Тој на амбасадорот Норман му се заблагодарил за поддршката која што ја дава Канада на земјата, потенцирајќи го значењето кое што го добива македонската иселеничка заедница која пак претставува мост за унапредување на двете држави.

„На состанокот се разговараше за актуелните политички случувања, економската ситуација, енергетската криза, високиот степен на криминал и корупција, како и европските интеграции и македонското членство во НАТО“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски рекол дека од особено значење е поддршката од страна на Канада како стратешки партнер во НАТО и како земја која што може да ни пренесе големи искуства, но и да даде поддршка на целите на државата на домашен и меѓународен план.

Можете да прочитате

Тошковски: Нова шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

Уапсени три лица, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина

Крадец се заглавил на портата на црква во Кочани