Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Кога ДУИ и СДСМ ќе кажат дека ги бранат Албанците од ВМРО-ДПМНЕ, всушност го бранат криминалот

Мицкоски: Кога ДУИ и СДСМ ќе кажат дека ги бранат Албанците од ВМРО-ДПМНЕ, всушност го бранат криминалот

Сакам да потенцирам особено овде од Кичево, една работа која е дел од лудилото и стравот од пораз на СДСМ и ДУИ а тоа е онаа брутална кампања која овие денови се води кон ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Заев и ДУИ особено во делот од медиумите кои се во албанскиот блок чија задача е да се оцрнува нашата партија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кичево.

„Си велам каква само каша им е во главата кога соочени со страв панично смислувале теми како да нападнат, и бидејќи сите советници на Заев му избегаа зошто постојано ги лажеше, му останаа само оној Филипче и оној Љупчо Николоски – Путерот па им текнало дека ќе разгоруваат етнички тензии и ќе кажат дека ВМРО-ДПМНЕ биле националисти. Па за да го засилат впечатокот ДУИ ќе повика на мобилизација против ВМРО-ДПМНЕ, и сето така тоа ќе биде филувано во дел од новоформирани портали на албански јазик кои е јавна тајна дека се под патрон на еден млад вечен советник, а повремено министер од ДУИ кој пак велат поискусните од мене дека своевремено прв трчал во Парламентот да ги гласа владите на ВМРО-ДПМНЕ. И бил често виден гостин во еден скопски хотел во центарот на градот. И нескриено се воодушевувал на сите политики од тоа време, а сега поради пари, пусти пари и моќ дехидрира од плукање врз мене и ВМРО-ДПМНЕ. И во таквиот занес токму Заев, заедно со тие неколкумина околу него подгреваат сосема свесно етнички тензии. Зошто? Само за тоа што фотелјата и тие пусти пари, слава и моќ им се важни“, рече Мицкоски.

„Сега е совршено јасно зошто никој не брка криминалци, затоа што полицијата на Спасовски и Заев се занимава со пишување на казни и на малтретирање на луѓе, за нешто што не го направиле. Таквата дружина раководена од Спасовски се дрзнале полициската служба да ја користат за партиски, наместо за државни цели, еден вид на параполициски структури за партиски цели. Тоа го нема ниту пак во Танзанија“, рече Мицкоски.

Мицкоски повика на обединување против власта а излезноста како што рече е клучот за тоа.

Можете да прочитате

Бесплатен влез во музејските институции за Меѓународниот ден на музеите

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Екстрадиран Бесим Красниќи