Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Или нека кажат јавно кои се центрите од надвор за кои сум работел, или нека се извинат

Мицкоски: Или нека кажат јавно кои се центрите од надвор за кои сум работел, или нека се извинат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција нагласи дека од страна на актуелната власт, три години, какок што рече, е континуирано и неосновано напаѓан, дека бил под влијание на центри на моќ од надвор.

„Три години сум континуирано нападнат од истата таа влада подбуцната со нивните слуги кои што во моментот се надвор од структурите на ВМРО-ДПМНЕ. Зборуваат дека јас сум слугувал, дека сум работел против државата. Нека документираат кои се тие центри на влијание од надвор и јас утре дента ќе заминам од овде“, посочи партискиот лидер.

Како што рече Мицкоски, во спротивно очекува извинување порад постојаните обвинувања, дека работел спротивно на државните интереси.

„Еден доказ нека покажат, затоа што говорејќи такви работи официјални лица на владата, веројатно тие добиваат информации од центри кои што ги плаќаат граѓаните, како што се Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање… Нека документираат еден случај и јас веднаш истиот ден сум подготвен да сносам одговорност, во спротивно нека се извинат затоа што на тој начин ја девалвираат работата на сите оние професионалци и во Агенцијата за национална безбедност и во Агенцијата за разузнавање. Нека докажат, нека документираат дека е така“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!