Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за Заев: Ако ја разбрал пораката, тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине

Мицкоски за Заев: Ако ја разбрал пораката, тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на средба со граѓаните на општина Демир Хисар го повика Заев да си поднесе оставка веднаш, прашувајќи дека доколку ја разбрал пораката од граѓаните од првиот круг на локалните избори, тогаш зошто не ја потпише оставката на Филипче бидејќи државата, како што рече е прва по смртност поради ковид пандемијата и Љупчо Николовски кој е министер за борба против корупцијата, а Македонија е најкорумпирана во Европа.

„Ако ја разбрал пораката тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине. Ако ја разбрал пораката тогаш зошто не ги потпише веднаш оставките на Филипче и Љупчо Путерот. Едниот поради тоа што е министер во земја која е прва по смртност во Европа поради Ковид, вториот поради тоа што е министер во влада за борба против корупција а владата е најкорумпирана влада Европа? Еве јавно го повикувам да потпише оставка ако ја разбрал пораката“, нагласи Мицкоски.

„Вистината е дека не разбрал ништо. Дека и денес продолжуваат списоците за поткуп и чизмата со која го газат народот за да гласа за нив. И затоа ви велам најдобар одговор е излезноста. Демир Хисар беше посебно подложно на таквите притисоци. Отфрлете ги стегите. Масовно да излеземе затоа што нивниот поткуп така ќе стане беспредметен. Ја крадат Македонија, да не дозволиме да ја украдат и заедничката иднина. Затоа да се мобилизира народот и да излезе масовно на овие избори“, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Фирмата поради која е во притвор Богоев добила нов тендер од Царина вреден 420.000 евра

Куманово под засилени контроли: Еден уапсен, четири кривични дела и десетици казни

Попладнево голема полициска акција во Скопје: Црвено светло, без кацига и нерегистрирани мотори санкционирани 326 возачи