Утрински Весник
Економија

Мицкоски до шефицата на ММФ за Македонија- македонската економија тоне од ден на ден

Мицкоски до шефицата на ММФ за Македонија- македонската економија тоне од ден на ден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле.

На средбата беа отворени повеќе теми, при што главен фокус беше на актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, како и енергетската криза со која се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека заради лошото работење на власта, македонската економија тоне од ден на ден, и е убедливо на дното во Европа, додека во меѓувреме земјата станува се позадолжена, а граѓаните се посиромашни.

Тој укажа на загриженоста дека оваа власт нема план, ниту способност како да се справи со ценовниот шок кој допрва следи, како и енергетската криза и посочи дека сето тоа лошо ќе се одрази по семејните буџети на граѓаните.

Мицкоски потенцираше и дека власта нема намера да ги решава таквите проблеми, а доказ за тоа се високата корупција која ја потврдуваат сите релевантни меѓународни институции, но и немањето владеење на право во Македонија.

Мицкоски на средбата нагласи дека за Македонија неопходно е да стане членка на Европската Унија и покрај фактот што власта потфрли да се справи со криминалот и корупцијата, но Македонија не заслужува во 21 век да продолжи да биде заложник на спорот со Бугарија.

Можете да прочитате

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет

Панел-дискусија на годишната конференција на МАСИТ: За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата