Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до Курц: Ова е терористички напад на цела Европа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за настаните кои се случија во Виена.

„Почитуван Канцелар Курц, примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена.
Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме. Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава“, напиша Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

50. „Марш за ангелите“ – родителите бараат интензивирање на судењето

Скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

15-годишник силувал малолетничка, делото го снимил, па ја уценувал