Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до евроамбасадарот Гир: Ние сме за достоинствена интеграција, а не понижувачки процес со вклучена асимилација

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за ЕУ интеграциите, а Мицкоски ги нагласи ставовите кои ги има партијата и граѓаните на Република Македонија, а тоа е достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација.

Мицкоски во текот на средбата укажа дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите во Македонија.

Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

Платформа 12:05: СДСМ губи, Филипче слави – раководството веднаш да си замине од „Бихаќка“

Чилиманов: Лозарите не смеат и во 2026 година да бидат жртви на задоцнети мерки и нетранспарентна земјоделска политика