Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа, рече портпаролот на СДСМ

Мицкоски го брани шефот Груевски, затоа молчи за црната листа, рече портпаролот на СДСМ
300x250 opst2

Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски, изјави на прес-конференција, портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Според него, причината за овој потег e вмешаноста на Груевски во корупција и криминал или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.

Сето ова, вели Каевски, граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија.

„Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници“, рече Каевски.

Портпаролот на СДСМ потсети дека на црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Од владејачката партија додаваат дека до денес, Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани