Утрински Весник
Економија

Мицевски: Ребалансот на Буџетот застана во Владата пет дена, а самата таа обвинува дека опозицијата е кочничар

Мицевски: Ребалансот на Буџетот застана во Владата пет дена, а самата таа обвинува дека опозицијата е кочничар

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на собраниската седница обвини дека Владата не работи ефикасно и дека поради нејзиното несериозно работење се доцни со ребалансот на Буџетот.

„Владата она што го бараше како брзо донесување на ребаланс на Буџетот за изгласување на четвртиот пакет на мерки и како процедура која што заврши во Собранието во четвртокот на 22, денеска сме 27-ми, пет дена во текот на вчерашниот ден во 20:50 часот добивме информација дека ребалансот на буџетот е вратен од Влада во Собрание. Значи пет работни дена за пет или осум амандмани за нешто, за кое што ја убедуваат македонската јавност дека се брза, дека Собранието и опозицијата се кочничари, застана во Влада пет дена“, нагласи Мицевски.

Тој додаде дека сите пратеници се сведоци, дури и тој самиот е сведок на десет буџети, десет ребаланси најмалку во ова Собрание кои се имаат донесено. Тој кажа дека Владата дури работела и во текот на викендите и веднаш ги враќала во Собрание за да има три дена за да ги разгледаат пратениците.

„Јас повеќе реагирам на работата на Владата, која што доцни со донесување на ребалансот, а од друга страна на јавноста и укажува дека брзаме да ги фатиме последните денови од октомври за да можат мерките од четвртиот сет да важат“, истакна Мицевски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?

На 17 септември се одржува првата конференција „Бизнис Лидер“

Вучиќ директно влегува во Македонија преку Алта банка?!