Утрински Весник
Македонија

Мицевски: Владин функционер повикуваше на физичко насилство со тешки телесни повреди, ова е кривично дело

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од Владата бара остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, изјави на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години. Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата, г-динот Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори“ рече Мицевски.

Тој порача дека „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување“.

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово