Утрински Весник
Спорт

Митјиланд ќе го пречека Ливерпул во Дортмунд

Митјиланд ќе го пречека Ливерпул во Дортмунд

Натпреварот од последното коло, во Д–групата во Лигата на шампионите, помеѓу Митјиланд и Ливерпул, нема да се одигра во Данска, туку на стадионот во Дротмунд.

Натпреварот кој требаше да се одигра во Хернинг е преместен на друга локација поради епидемиолшките правила кои ги воведе Велика Британија за сите што влегуваат во земјата од Данска. Според правилата, доколку Ливерпул гостуваат во Данска, на враќање ќе треба да минат две недели во карантин.

„Митјиланд и Ливерпул се договорија натпреварот да се игра на нашиот стадион“, потврдија од Борусија Дортмунд.

Договорот на клубовите се уште го немаат потврдено од УЕФА.

Ливерпул на табелата во Д-групата води со девет поени, два повеќе од Ајакс и Аталанта, Митјиланд е на нула бодови.

> Митјиланд ќе го пречека Ливерпул во Дортмунд <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот