Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Митараки: Грција не може да стане порта за влез на Авганистанците во ЕУ

Митараки: Грција не може да стане порта за влез на Авганистанците во ЕУ
300x250 opst2

Грција не може да стане порта кон Европската Унија за Авганистанците кои бегаат од конфликтот кој ескалираше во нивната татковина, изјави денеска грчкиот министер за миграција, Нотис Митараки.

Тој повика на единствен одговор на ЕУ на авганистанската криза.

„Јасно кажуваме дека нема и не можеме да бидеме порта за влез во Европа за бегалците и мигрантите кои би можеле да се обидат да дојдат во Европската Унија“, рече Митараки за државната телевизија.

Министерот апелираше за заеднички одговор на ЕУ, бидејќи единството меѓу земјите-членки околу тоа дали да ги депортираат Авганистанците кои немаат добиено азил пропадна минатата недела.

Грција беше во првите редови на европската миграциска криза во 2015 година, кога речиси милион луѓе кои избегаа од конфликтите во Сирија, Ирак и Авганистан пристигнаа на грчките острови пред да отпатуваат на север во побогатите европски земји.

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин