Утрински Весник
Македонија

Мисајловски од Ѓорче Петров вети за 20 отсто зголемени пензии, повисоки плати и вработување на младите

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Мисајловски се сретна со граѓаните во Чаир
Img 5587

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Чувствувам обврска да водам позитивна кампања, да бидам позитивен, насмеан, да не направам криминал и корупција. Верувајте во мене верувајте во овие луѓе тука. Верувајте во Христијан Мицкоски, верувајте во коалиционите партнери. Овој пат вие сами одлучете, истакна денеска носителот на листата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ во Втората изборна единица 2, Владо Мисајловски во обраќање пред граѓаните на скопската Општина Ѓорче Петров. 

– После 15 јули нема промени одберете сега. Дали сакате обнова со Христијан Мицкоски со сите нас или да продолжи Зоран Заев со она што го правеше овие три години. Вие често пати ќе слушнете колку тој сега ја сака Македонија, колку неговите пријатели од власта. Но, гледате и други партии излегуваат со националистички тврди ставови. Нема да ги коментираме нив, нагласи Мисајловски. 

Img 5587

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го засега да го сочува Ѓорче Петров и да го зачува „македонизмот во сите нас“.

– Ова е патриотско Ѓорче. Овде постои емоција овде постои нешто што е свето. Тоа никој не смее да ни го одземе. Ние се обврзуваме и јавно говориме дека нема да ве разочараме. Јас знам дека Христијан Мицкоски ќе ги слушне сите ваши проблеми, им порача Мисајловски на жителите на Ѓорче Петров. 

Тој ги запраша присутните дали сакаат подобра иднина и младите да останат „тука во Македонија во Ѓорче Петров“, дали треба Гоце Делчев да биде Бугарин или дали треба македонскиот јазик некој да го прекрсти.

– Се надевам на разум кај сите партии. Независно кој од која партија е ние на сите ќе помогнеме. Нема да ги двоиме луѓето на наши и ваши, имаме заеднички проблеми. Но, сите што погрешиле ќе си одговараат, нагласи Мисајловски.  

Тој во обраќањето вети дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите ќе има  за 20 отсто зголемени пензии, поголеми плати и многу млади луѓе ќе се вработат.

– Тоа е Обновата, да шириме позитивна енергија. Јас чувствувам обврска кон секој од вас и по изборите ви ветувам ќе останам тука за вас, им порача Мисајловски на гласачите од Ѓорче Петров. сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Победата на претседателските и парламентарни избори ќе биде убедлива, идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: ЗНАМ се настанати во Белата палата

Пендаровски: Знаеме дека на осми мај ќе однесеме двојна победа