Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Купувањето на пратеници е заштитен знак на СДСМ

Мисајловски: Купувањето на пратеници е заштитен знак на СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вели дека купувањето пратеници станало заштитен знак на СДСМ, за што говори и минатото искуство.

„Тоа што работата не им е завршена, не значи дека ‘понуди’ до пратеници нема“, вели Мисајловски. Неговата реакција следи по изјавата на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој денеска обвинувањата од страна на опозицијата за купување пратеници ги оцени како небулозни.

Мисајловски во реакцијата наведува дека од власт која организирала поткуп и фалсификат избори не може да се очекува чесност и принципи.

Во однос на изјавата на Спасовски дека СДСМ очекува наскоро да биде формирана новата Влада и нови избори нема да има, Мисајловски вели дека допрва ќе се види дали е тоа така.

„Ако е толку уверен дека СДСМ ќе ја формира владата да видиме кој е составот на таа влада, чие ќе биде премиерското место и чуму толку нервоза доколку работите им одат ‘подмачкано’ или да не биде работата кажана низ призмата на еден од нивните потпретседатели ‘гладна кокошка просо сонува’, тоа допрва ќе видиме“, наведува Мисајловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале