Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство не размислува за оставка

Министерот за здравство не размислува за оставка

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не размислува да поднесе оставка од функцијата, по последните случувања во партијата и по поразот на СДСМ на локалните избори.

„Не, не размислувам во таа насока“, кратко одговори тој.

Филипче на денешната прес-конференција не сакаше ниту да коментира до каде е истрагата и дали ќе има одговорност за пожарот во тетовската модуларна болница пред два месеца
, кога загинаа 14 лица.

На новинарското прашање дали целата одговорност се сведе на еден продолжен кабел, Филипче изјави: „Тоа е прашање за обвинителството, јас тука немам увид во информациите“.

Можете да прочитате

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси една деценија, болницата обезбедена со безбедна вода за пиење

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си, полицијата го уапси

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос