Утрински Весник
Македонија

Милошоски: Димитров ќе нè биде вето, време е за оставка!

Милошоски: Димитров ќе нè биде вето, време е за оставка!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Размазениот министер во септември 2018, кога ги манипулираше сопствените симпатизери пред референдумот, викаше од нас зависи европска Македонија. Се сликаше со премиерот во авион, лажеше дека имаме датум за ЕУ, имаме план, дека тие како влада се најдобри, ќе нè  биде и во Брисел и во Софија со „добрите” договори што ги потпишале, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!? Владата не била одговорна што доживеавме и безброј национални понижувања, и вето за ЕУ?! А кој лажеше за датум, ако не Димитров? Кој потпишуваше штетни договори? Кој беше арогантно глув за сите забелешки на кои укажуваше опозицијата?

Затоа министре Димитров, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација!

Со маска, со шал, со дистанца, со сè! Интерпелацијата можеш да ја избегнеш единствено ако во меѓувреме си поднесеш оставка , но за тоа е пресудно дали ти е побитен политичкиот морал или политичката фотелја. Ти си знаеш!“ порача Милошоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

ЗНМ: Партиите да не се препукуваат преку грбот на новинарите

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани