Утрински Весник
Спорт

Милинковиќ-Савиќ ќе има време да заздрави пред продолжувањето на италијанскиот шампионат

Интер подготвен да испрати понуди понуда за купување на Милинковиќ-Савиќ

Рим, 5 јуни 2020 (МИА) – Лекарот на Лацио, Иво Пуличини, изјави дека играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ ќе има време да закрепне за првиот натпревар по паузата во првенството против Аталанта, што е закажан за 24 јуни.

Претходно беше објавено дека 25-годишен Србин го повреди коленото на еден од тренинзите.

– Тој работи одлично. Во принцип, целиот тим има одлично расположение. Се разбира, има проблеми, како Сергеј, но тие беа малку преувеличени во печатот. Со таков медицински штаб како нашиот, Милинковиќ-Савиќ дефинитивно ќе се врати до продолжувањето на сезоната, нагласи Пуличини.

Во сезоната 2019/20, Милинковиќ-Савиќ одигра 31 натпревар за Лацио, постигна пет  голови и направи седум асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години